Не така оддамна беше светски позната манекенка, денес е бездомничка која копа по контејнери за да преживее (ФОТО)

836

Поранешната сопруга на ѕвездата на популарната серија „Чувари на плажата“, Џереми Џексон и поранешна манекенка Лони Вилсон  пред минатата година исчезна, за две години подоцна да ја пронајдат на улиците на Лос Анџелес како проси.

Сега папарците ја фатија како копа по канти за ѓубре и контејнери за отпадоци, обидувајќи се да најде нешто за да јаде. Таа за американските медиуми изјавила дека не сака да разговара со своите пријатели затоа што е добро и не и е потребна помош.

Лони објаснила дека повеќе нема телефон, но има доволно храна и место каде да преспие.

„Одвреме – навреме добивам пари, а во кантите и контејнерите покрај продавниците и големите маркети има голема количина храна“ – рекла Лони.

Лони исчезна откако нејзините пријатели се обидоа да ја убедат да започне со одвикнување од зависности, особено од алкохолот,  а пишуваше и дека страда од ментални проблеми.
Џереми и Лони се венчаа во 2012 година, но многу брзо се разведоа.

Таа доживела нервен слом во 2016 година, по што и ја изгубила работата како асистент во еден центар за естетска хирургија и козметички операции.