Нè очекува никогаш почудна зима: Студен бран доаѓа на почетокот, ќе има многу олуји, снег и поплави! Еве каква ќе биде ситуацијата на Балканот

941

Метеоролошкиот сервис AccuWeather објавил на своите страни долгорочна прогноза за зимата која доаѓа.

Додека на подрачјето на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од Северна Европа се очекуваат силни олуји веќе на почетокот на зимата, изгледа дека зимата на Балканот ќе биде блага – без големи температурни осцилации, а ќе изостанат и врнежи.

Додека во поголем дел од Европа ќе има многу олуји, снег и продор на студени бранови, на Балканскиот полуостров се очекува прилично мирна зима.

“Ќе има олуји, но тие нема да бидат толку изразени како минатата година”, прогнозира метеоролог Џејсон Николс. Наместо тоа, повремени олуји ќе се појавуваат меѓу долготрајни сушни периоди.

“Овој регион би можел да има долги суви и топли периоди, проследени со олуја која ќе трае една недела, а потоа би се вратила на период од сушно време од две или три недели”, рекол метеоролог Тајлер Ројс.

На Јадранот не се очекуваат ни чести удари на силни и олујни бури, предвидуваат метеоролозите на “AccuWeather”.

“Тоа ќе придонесе за студена снежна сезона во планините”, додал Ројс.

Најостар зимски студ ќе ја зафати источна Европа и источна Скандинавија.

Почетокот на зимата нема да ја обележи продор на сини и изразени студени бранови, но тоа би можело да се случи пред крајот на зимата.

“Би можеле да видиме неколку кратки студени бранови во декември, но вистинскиот студ ќе се случи подоцна во сезоната”, рекол Ројс.

Најмногу снег и големи студови се очекуваат кон крајот на декември и почетокот на јануари на подрачјето од Финска до Украина. Се очекува дека големи количини на снег на тоа подрачје да има се до крајот на февруари. Студените бранови кои од тоа подрачје ќе доаѓаат во Европа би можеле кон крајот на зимата да го зафатат и подрачјето на Полска, Словачка и Романија.

Активен почеток на сезоната на силни ветрови се предвидува за британските острови, северна Европа и Скандинавија.

Ова година тоа подрачје веќе го погодиле неколку олуји, вклучувајќи ја олујата Лоренцо, која во еден момент била ураган од категорија 5 над Атлантскиот океан.

“Олујите ќе бидат најактивни на почетокот на јануари”, предвидува Ројс.

Поради олујите во делови на Велика Британија ќе се закануваат и големи поплави, а крајот на сезоната на олујите се очекува дури кон крајот на февруари и почетокот на март.

“Другиот дел од зимата ќе биде многу помирен од нејзиониот почеток”, предвидуваат метеоролозите.

“Додека олујите ќе беснеат на северот на Европа, поголеми количини на дожд и снег би требало да донесат олеснување за поголем дел од Европа – од Португалија па се до Полска, откако тоа подрачје беше погодено од голема суша за време на летото. Реката Рајна во текот на летото повторно пресуши, а есента не донесе поголеми количини на дождови за да ја подобрат ситуацијата”, велат метеоролозите.

“Иако Пиринејскиот полуостров конечно ќе доживее олеснување од долготрајните периоди на суша, поголеми количини на дожд ќе донесат до побујна вегетација, што во текот на пролетта и летото би можело повторно да доведе до проблеми и дивеење на шумски пожари”, предупредуваат метеоролозите.

Во северните Алпи се очекуваат и големи количини на снег, поради што метеоролозите повторно предупредуваат за проблеми кои би можеле да се појават на крајот на зимата, кога снегот ќе почне да се топи.