„Не ги гласајте тие кои 4 години не ви се јавуваа, а барале од вас глас, дајте им шанса на некои други“, порача Пендаровски

664

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за ТВ24 порача граѓаните да не ги гласаат оние кои четири години не им се јавувале, а претходно барале од нив глас.

Претседателот вели дека треба да им се даде шанса на некои други.

„Што би им кажал јас на граѓаните? Тие што изминативе четири години не сте можеле да ги добиете на телефон, тие што на улица, особено во помали места, кога ќе сте ги виделе во живо и вртеле глава, а барале од вас глас. Дома ви тропале секој ден за да ги гласате – немојте да ги гласате. Дајте им шанса на некои други, немојте да го рециклирате лошото што било во изминативе четири години – просто“, посочи Пендаровски.

Тој додава дека добро е што на локалните избори ќе биде доминантна локалната агенда бидејќи, како што вели, „многу полесно се гледа што е направено во моето населено место“.