Човек на 34-годишна возраст попладнево влегол во џамијата на улица „Патот на Каваја“ во Тирана и со нож повредил пет лица.
Со брза интервенција, полицијата успеала да го совлада. Како што соопштија од полицијата, станува збор за Рудолф Николи од градчето Бурел.
Инцидентот се случил во 14:30 часот кога, според очевидци, сега уапсениот Николи бил многу агресивен во џамијата, при што почнал да напаѓа без да гледа кого удира со ножот. Нападот предизвикал хаотична ситуација во верскиот објект.
Повредените биле веднаш транспортирани до најблиската здравственс установа каде што им е дадна соодветна лекарска помош и тие се вон животна опасност.
Повредени се неколку наши браќа верници, како и неколку лица од џамискиот одбор. Освен во објкетот тој почна да напаѓа и лица на улица, кои за среќа успеаја да побегнат. Се надеваме дека не станува збор за терористички чин туку дека напаѓачот е лице со ментални проблеми – изјави за агенцијата „Балкан веб“ имамот на џамијата Ахмет Калаја.
Увидна екипа и обвинител се на местото на настанот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











