NBA со Димитар Младеновски-Шампионска победа на Лејкерс (ВИДЕО)

269

Голема победа на Лос Анџелес Лејкерс на гостински терен против Бруклин Нетс. Десеткувани од повреди, “езерџиите” со одлична тимска игра го остварија најголемиот овогодишен триумф (126-101). Лејкерси освен без Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, овој пат настапија и без Кајл Кузма и Марк Гасол, што ја прави оваа победа уште по импресивна.

Во екипата на шампионот, дури 8 играчи имаа двоцифрен број на поени. Беа предводени од новите засилувања. Центарот Андре Драмонд постигна дабл-дабл ефект сочинет од 20 поени и 11 скокови. Во својот прв меч во новиот дрес, Бен МекЛамор постигна 17 поени влегувајќи од клупата за резервни играчи. Бруклин кој сеуште настапува без Џејмс Харден, во третата четвртина остана и без Кајри Ирвинг кој беше исклучен од натпреварот по расправијата со противничкиот плејмејкер, Денис Шродер.

Кај “Нетси”, Кевин Дурент постигна 22 поени, недоволно за успех. Кај “Ел-Ej” со нетрпение го очекуваат враќањето на Ентони Дејвис кој се очекува за 7 дена да биде повторно на располагање. Леброн Џејмс се очекува да се врати нешто подоцна.

NBA FAN

Димитар Младеновски