Портланд Треил Блејзерс продолжува со одлична тимска игра. Победничката серија брои 5 по ред по синоќешната победа над првопласираниот тим во лигата, Јута Џез. Конечни 105-98 за “блејзерси” и импресивен триумф, на гостински терен во Солт Лејк Сити.

Демиен Лилард капитенски го предводеше својот состав со 30 постигнати поени. Дабл-дабл ефект на босанскиот центар Јусуф Нуркич (11 поени и 15 скокови), Си-Џеј МекКалум постигна 26 а Кармело Ентони 18 поени. И покрај поразот Јута е сеуште лидер во NBA со скор од 50 победи и 20 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















