По ужасна серија од 20 порази по ред, тимот на Хјустон Рокитс, најпосле успеа да победи. Синоќа на домашен терен “ракетите” го совладаа Торонто Репторс (конечни 117-99).
Тимот од Тексас претрпе најмногу промени од било кој NBA клуб. Најпрво по крајот на ланското доигрување, го разменија Расел Вестбрук а како негова замена од Вашингтон го добија Џон Вол. Нивниот најдобар играч во последната декада, Џејмс Харден, пред 2 месеца беше преселен во Бруклин. Центарот Демаркус Казнс беше ослободен од обврските а ветеранот Пи-Џеј Такер трејдуван во Милвоки.
Рокетси го променија главниот тренер како и најголем дел на управата на тимот. Иако звучи неверојатно, Хјустон немаше победа од 5-ти Февруари годинава. На големо задоволство на нивните фанови, овој негативен тимски рекорд е конечно прекинат. Џон Вол го предводеше својот тим остварувајќи трипл-дабл ефект (19 поени, 11 скокови и 10 асистенции). Беше надополнет од младото крило Стерлин Браун кој постигна 20 поени и Кристиан Вуд кој реализираше 19. На спротивната страна, 27-те поени на Фред Ван-Влит и 21 на Паскал Сиакам не беа доволни за гостински триумф на “рептилите”.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















