Од синоќешните натпревари го издвојуваме дуелот помеѓу Далас и Милвоки во “Американ Ерлајнс Центар”-от. Мечот беше неизвесен се до последната четвртина. Гостите од Висконсин иако настапија без својот најдобар играч, Јанис Антетокумпо, го држеа водството се до 8 минути пред крајот. Тогаш на сцена стапи Лука Дончич.
Предводени од својот млад лидер, “мавси” фуриозно го затворија мечот со 36-17 во последниот период. Победа за Далас со конечни 116-101. Словенскиот суперстар постигна 27 поени и по 9 скокови и асистенции. Конечно добра игра пружи и латвискиот центар, Кристапс Порѕингис, кој имаше моќен дабл-дабл учинок од 26 поени и 17 скокови. На спротивната страна, иако целата стартна петорка на Милвоки имаше двоцифрен број на поени, отсуството на нивниот најдобар играч беше пресудно за гостински пораз.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















