Копнените сили на Велика Британија не можат да и се спротивстават на Русија ако дојде до војна, јавува “BBC”, повикувајќи се на Кралскиот обединет институт за воени истражувања.
Експертите од институтот дошле до заклучок дека Британците имаат голем недостиг на муниција, артилериско оружје и транспорт. Модернизацијата на војската на Велика Британија е “неодложлив и критичен приоритет”, се наведува во извештајот.
Се нагласува и дека вкупната бројност на британските сили се намалува девет години по ред, додека во буџетот на Министерството за одбрана може да се создаде дупка од седум милијарди фунти.

Министерството за одбрана не се согласува со извештајот на Институтот и соопштува дека Велика Британија може да се спротивстави на заканите од Русија.
“Како најголем спонзор на НАТО за одбрана во Европа, вооружените сили на Велика Британија се добро опремени и можат да играат водечка улога во борбата против заканите и да осигурат безбедност на британскиот народ во земјата и во странство”, наведуваат од Министерството.

Претходно и шведскиот институт за воени истражувања го советувал НАТО да ја засили одбраната на границите со Русија. Авторите на извештајот анализирале колку брзо Алијансата ќе може да реагира на потенцијален напад од Русија на Балтикот.
Тие нагласиле дека за распоредување на сили во Полска и Балтикот на НАТО ќе му бидат потребни седум-осум недели, додека на Москва една до две.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











