NBA-Пол Џорџ е нов играч на Филаделфија

246

Филаделфија 76-ерс се најактивниот тим во првиот ден од преодниот рок.

Пол Џорџ е нов играч во тимот од Пенсилванија. Популарниот “Пи-Џи 13” потпишува 4-годишен договор вреден вртоглави 212 милиони долари. Откако ја извести управата на неговиот (сега веќе поранешен) тим Лос Анџелес Клиперс дека нема намера да ја продолжи својата кариера во Калифорнија, 9-кратниот “All Star” не чекаше премногу време за да го направи својот избор.

Покрај Џорџ нови играчи кај “сиксерси” се уште двајца ветерани. Станува збор за бекот Ерик Гордон (кој доаѓа од Феникс) како и центарот Андре Драмонд кој се сели од Чикаго. За Драмонд ова е враќање во “старото јато” каде настапуваше во сезоната 2021-2022. Тимот е предводен од Џоел Ембид и играчот кој најмногу напредуваше во претходната сезона, Тајрис Мекси.

Источната конференција од рани утрово стана многу по интересна. Со сериозно засилен состав се очекува тимот на Филаделфија да претставува сериозен конкурент на шампионскиот Бостон Селтикс во престојното првенство.

NBA FAN
Димитар Младеновски