Арсовски: Мерки против аерозагадувањето има, но проблемот не може да се реши за кусо време

393
Тоа што како информација го имаме е дека Програмата за намалување на аерозагадувањето, за кое прв пат се издвоија пари, продожи да се спроведува и оваа година и речиси е при крај нејзината реализација – рече портпаролот.

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата, Душко Арсовски одговори какви мерки ќе превземе Владата во врска со аерозагадувањето, кое е навистина алармантно, но и во комбинација со ковид-19, претставува голема опасност за граѓаните.

– Мерките поврзани против загадувањето не се стопирани целиот овој период. Тоа што како информација го имаме е дека Програмта за намалување на аерозагадувањето, за кое прв пат се издвоија пари, продожи да се спроведува и оваа година и речиси е при крај нејзината реализација – рече Арсовски.

Тој кусо наброи дека во 20 објекти е заменета опрема со еколошки системи за греење ( во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти…) со вкупен износ од 37,4 милиони денари. Нешто над оваа сума е издвоена за 28 објекти каде што е интервенирано за да се вградат енергетски ефиканси фасади. Во тек е јавна набавка за обновување на јавното зеленило во општините во вредност од 5 милиони денари.

– Мерки поврзани со аерозагадувањето се спроведуваат постојано по планот на министерството за животна средина и на Владата. Ова е проблем кој што не може да се реши за кусо време. Тоа што е последно од проценките на министерството во однос на загаденоста на воздухот за септември се забележува многу мала отстапка во 4-5 градови над дозволениот максимум на ПМ10 честички, а за октомври ги очекувам информациите – изјави порпаролот.