NBA колумна на Димитар Младеновски – Враќањето на оригиналната гризли мечка (ВИДЕО)

806

Низ NBA историјата имало безброј разни дизајни на дресови и логоа на тимовите. Еден од најуникатните е оној на Vancouver Grizzlies или подоцна Memphis Grizzlies. Во 90-тите години на минатиот век, синоним за NBA лигата беа две работи. Како прва работа, одлична – високо квалитетна кошарка која се играше тоа време преку која кошарката стана ултра популарен спорт, како во Светот така и кај нас. Како втора работа која се поврзува со тој период се одличните дресови кој и денес се бараат од страна на NBA фановите. Токму гризли мечката во 1995 година беше едно од најнеобичните и секако најинтересните логоа што некогаш се појавиле. Тимот формиран сезоната 1995/1996 за жал поради се поголемите финансиски загуби, како и се помалата заинтересираност за кошарката во тој дел на Канада (реон British Columbia) се релоцира во  Memphis – Tennessee во пред сезоната 2000/2001.

Останаа спомените на нивниот прв пик во франшизата Bryant “Big Country” Reeves, бекот Mike Bibby, сестраното крило Shareef Abdur-Rahim а подоцна и на NBA почетоците на легендарниот Pau Gasol, атлетлата Stromile Swift и ултра атрактивниот плејмејкер “The White Choclate” Jason Williams. Годинава претставува 25-годишнина од формирањето на клубот. Во 2020 година ке претставува 20 годишнина од преселбата на “мечките” oд Ванкувер во Мемфис. По тој повод (по период на претпоставки и шпекулации) официјалнo тимот на Memphis Grizzlies во наредните 2 сезони одреден број натпревари ке ги игра во оригиналните стари дресови од 90-тите и почеткот на новиот милениум. Ке биде многу интересно да се видат на теренот токму во оние дресови кој се сеуште едни од најомилените на кошаркарските фанови и колекционери ширум Светот.

NBA FAN

Димитар Младеновски