Хјустон Рокетс и Вашингтон Визардс, по 3 неделно преговарање конечно договорија размена за која сите зборуваа. Порананешниот MVP на лигата Расел Вестбрук е разменет во главниот град а во спротивна страна доаѓа поранешниот прв пик на драфтот и All Star плејмејкер, Џон Вол.По само една година помината во дресот на “ракетите”, Вестбрук заминува од Тексас, а сега веќе неговиот поранешен соиграч Џејмс Харден во иднина покрај себе ќе го има ултра брзиот Вол кој по десет години си заминува од Вашингтон. Тренерот на “волшебниците” Скот Брукс, одлично го познава Вестбрук бидејќи тие беа заедно во тимот на Оклахома Сити во периодот од 2008 до 2015 година.
Џон Вол досега играше само за еден клуб, кој за да дојде до Вестбрук се согласи во Хјустон да ги испрати и правата на изборот од првата рунда од драфтот во 2023 година. Доколку Вашингтон нема висок избор на драфтот, Хјустон ќе го пренесе правото на избор за наредната 2024 година.
Двајцата кошаркари сакаа да бидат разменети и минатата недела постојано се зборуваше за оваа размена која дури утринава беше официјализирана. Вестбтук кој по елиминацијата во плеј-офот и отказот на тренерот Мајк Д’Eнтони веднаш побара да биде разменет. Од друга страна Вол се враќа по две тешки повреди и пауза од цели 18 месеци.
Со оваа размена и двата тима ќе се обидат да ги задржат своите први ѕвезди. Џејмс Харден (наводно) исто така бараше да си замине од Хјустон, додека на Бредли Бил идното лето му истекува договорот.
NBA FAN
Димитар Младеновски