Едноставно, понекогаш нема потреба од посебна најава или опис на она кое ке се види или ке се слушне. Да се биде сведок на еден човек, една атлета, еден работник кој може да промени навики, однесување, култура. Еден од ретките кој успеа на наједноставен начин, претставувајќи се себеси во право (искрено) светло да допре до толку многу Животи. Човек кој расната бариера ја одстранил на најразлични начини. Човек кој преку секојдневната лична борба, успеал своето животно искуство да го пренесе на толку едноставен начин што секој може да се препознае. Многу е тешко во неколку реченици да се опише величината на овој човек. Посебно е тешко да се објанси колку може еден спортист да разбие толку многу бариери, да избрише толку “табу теми”, да уништи безброј предрасуди.
Уништувач на “логичките сваќања” и секојдневните прототипи, појави и анализи. Во компарација со било кој, би било страшно неправедно и тешко сватливо да се споредува оној кој бил атипичен, оригинален, пред се искрен кон себеси. Можеби ке звучи необјективно, но (многумина од нас) бевме сведоци на “појава” која ги разнесе сите оние “нормални” стандарди. Дали да се работи за начинот на кој пристапуваше кон својата професија, или пак, Животниот стил и нескршливата верност кон своите најблиски? Од денешна перспектива е сеедно. Даде адекватен и прецизен одговор на сите поставени прашања. Ние имавме можност да видиме пример кој едноставно е неповторлив. Кратко интервју со единствениот, Allen Iverson.
NBA FAN
Димитар Младеновски