NBA колумна на Димитар Младеновски-Деби на кошаркарскиот “ХУЛК” (ВИДЕО)

878

Конечно, се случи долго очекуваното деби на првиот пик на ланскиот драфт. Zion Williamson го имаше своето професионално првенче во дресот на New Orleans Pelicans. Атлетското чудо кого фановите го чекаа цела сезона за само 18 минути во игра докажа зошто за него се зборуваше додека беше во сrедно училиште.

Неговиот New Orleans беше поразен од San Antonio со 121-117, но Zion постигна 22 поени, запиша 7 скока и погоди четири тројки од исто толку обиди. Интересно е што Williamson 17 од 22 поени ги постигна во последната четвртина, поточно за нешто повеќе од три минути. “Мамузите” не веруваа дека тој може да го погоди од далечина, често го оставаа слободно да шутира, и тој веднаш ги казни.

“Хулк” (како што го нарекуваат помладите фанови), беше повлечен на пет и пол минути до крајот. Од таборот на “пеликаните” се внимателни по повредата на коленото која ја заработи за време на предсезонските натпревари. Во своето деби тој веднаш постави и рекорд. Никој во историјата на франшизата од Luisiana не постигнал повеќе поени од него, ниту пак во своето деби не бил перфектен во обидите за 3 поени (4/4). Неговите 22 поени за 18 минути во игра, се најмногу до сега за еден дебитант. Тој на ова листа го мина Anthony Davis.

NBA FAN

Димитар Младеновски