NBA колумна на Димитар Младеновски – Бековски тандем од соништата за моќен Houston!

75

Од секогаш во кошаркарскиот Свет делувало убаво кога стари пријатели ке се спојат во исти тим. Уште поубаво делува доколку тие веќе играле заедно на почетокот од своите кариери. Таков е примерот со едни од најдобрите двајца играчи во последната декада. Russell Westbrook и James Harden. Некогашниот бековски тандем на Oklahoma City Thunder годинава повторно се соедини, овој пат во тимот од Тексас. Houston Rockets во својот тим има двајца поранешни MVP играчи кој се главен адут во нивниот напад кон NBA тронот.

Во последните две сезони тимот на Houston Rockets важеше како главен конкурент на дотогаш неприкосвоениот Golden State Warriors во Западната конференција. Можеби најблиску до детронизирање на поранешниот шампион беа во сезоната 2016/2017 кога при водство од 3:2 се повреди нивното најголемо засилување-Chris Paul, а нивниот главен адут (тогашниот MVP) James Harden веќе беше ровит и се мачеше сам носејќи го тимот на свои плеќи. На крајот “ракетите” беа елиминирани со 4:3 и за влакно не стигнаа до толку посакуваното финале.

Но, токму во изминатите две години тимот изгради одлична хемија и воиграност помеѓу играчите. Повеќемина од нив своите најдобри партии ги пружија токму во дресот на  “Rockets”. Младиот центар Clint Capela бележи видлив напредок од сезона во сезона.  Еric Gordon и P.J. Tucker се играчи кој би ги посакал секој тим. Во тимот има и двајца играчи кој “воскреснаа” во играта. Атлетата Gerald Green кој покрај своите акробатски потези на својот арсенал придодаде убиствен шут за тојка, како и поранешниот репрезентативец, неуморниот Kenneth Faried кој одкако лани дојде во Хјустон покажа дека секоја минута која ке ја помине на теренот е драгоцена. Austin Rivers е уште еден од многуте кој одкако дојде лани (и доби шанса) пружи одлични партии. Доколку се погледне длабочината на тимот и она што “споредните играчи” го пружија во минатогодишното првенство, не е за изненадување Хјустон и годинава да има исклучително успешна сезона. Тимот ке игра атомски брза кошарка а со својот убиствен бековски тандем ретко кој би можел да им парира.

Летово освен бомбастичниот трансфер на Russell Westbrook, “Rockets”-и се појачаа и на центарската и крилната позиција. Ветеранот Tyson Chandler може многу да помогне околу развојот на младите центри во тимот. Поранешен шампион и најдобар дефанзивец во лигата со непроценливо богато искуство. Како изненадување дојде информацијата дека во тимот нов играч е поранешниот прв пик – Канаѓанецот Anthony Bennett. Експертите тврдат дека ова е негова последна шанса за докажување во лигата. Силното крило имаше успешна сезона лани – во развојната NBA лига (G-LEAUE) и токму предсезонските натпревари и подготвителниот период ке биде неговата најголема шанса за докажување. Во тимот е и шутерот Ben McLemore чија главна задача е (барем малку) да го одмара James Harden а во досегашниот тек на кариерата можеби најдобра улога која би му одговарала е како замена од клупата. Со себе носи енергија и инстант поени во нападот. Се на се, Houston Rockets има интересен, силен и брз тим кој токму почетокот на новото првенство ке даде одговор на многу прашања околу нивниот понатамошен успех.

Russ е “ракета” и на голема врата доаѓа во Хјустон! James Harden е напаѓачка машина која е речиси незадржлива. Длабочината на тимот односно, долгата клупа која до почетокот на сезоната може да претрпи промени само дополнително дава простор за оптимизам. Houston Rockets годинава ке биде тим со кој ретко кој ке може да излезе на крај.

NBA FAN

Димитар Младеновски

loading...