NBA колумна на Димитар Младеновски: БАЛКАНОТ ЈА РАЗБРАНУВА НБА

0
160

Секоја NBA сезона носи нешто посебно. Интересен факт е тоа што во оваа година бројот на странски играчи е рекордно висок а со тоа и влијанието на “балканските бисери”.

По идеја на мојот драг пријател Иван Велковски, во прилог нaведуваме неколку играчи кој со својот неспорен квалитет и играта која ја прикажуваат вредат и ке вредат “суво злато” во денешната кошарка.

4.Bogdan Bogdanovic

Долго пред да стапне на NBA терените “Боки” важеше за еден од “најчистите стрелци” кои ги дала Србија од нивната неисцрпна ризница на таленти. Богдановиќ е играч со ретко видена прецизност а на негова страна е пред се дисциплината која ја поседува и неисцрпната желба за напредок во играта. Со зголемената минутажа нема да биде изненадување доколку еден ден (се надеваме набрзо) стане и All-Star играч.

3.Jusuf Nurkic

Имавме можност да го гледаме во Скопје како играч на K.K. Задар (во 2014 год.)  како “oд шала” на свои 19 години постигнува 25 поени за 20-ина минути. Сега во својата 4-та сезона во лигата покажува дека Босна има со што да се гордее и адут во во својата репрезентација која го немала никогаш до сега. “The Bosnian Beast” е 2.15 cm. и 125 kg. тежок центар кој во денешната (брза) кошарка се снаоѓа повеќе од добро (рамо до рамо со најдобрите вискоки играчи во Светот).

2.Nikola Jokic

Од релативно непознат играч со сомнителна физичка спремност до играч број 1 на NBA тим за само неколку години. Неспорен е квалитетот и уникатниот стил на игра кој “Џокерот” го поседува. Човек од 2.13 cm. кој во секое е време е близу triple double учинок! Најзастрашувачки делува податокот што има само 23 години а може да биде само подобар од тоа што е денес.

1.Luka Doncic

Чудото од дете! Словенечкиот плејмејкер е играч кој доаѓа еднаш во генерација. Најмладиот MVP во историјата на Европската кошарка и шампион со Real Madrid на 18 годишна возраст ланската сезона. Веќе е носител на златен медал за својата Словенија од Евробаскетот 2017 година и таму е избран за најдобар на турнирот. На голема врата дебитира сезонава во NBA. Како многупати досега покажува невидена зрелост што е шокантно кога се има во предвид дека сеуште е тинејџер. Има потенцијал да биде најдобриот странски играч кој стапнал на NBA терените. Небото е лимит за ова момче.

NBA FAN

Димитар Младеновски

Прочитајте ги и претходните колуми на Димитар Младеновски:

Ретро НБА колумна на Димитар Младеновски: SHAWN KEMP – Ѕверот од 90-тите

НБА колумна на Димитар Младеновски: Титулата е многу поблиску на дофат за LAKERS одколку што мислевте

НБА колумна на Димитар Младеновски:Toronto Raptors – Лажниот фаворит од Северот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here