По објавувањето на најновите аквизиции од страна на генералниот менаџер на Атланта, Тревис Шленк, штотуку добивме пријатно изненадување. По ангажирањето на бековите Рејжон Рондо, Крис Дан и крилото Данило Галинари, “јастребите” го најавија своето најголемо засилување досега.Богдан Богдановиќ се согласи на договор кој го прави премиерен стрелец во “градот на Кока Кола-та”. Првенствено е објавено дека се работи за 4 годишна верност во износ од 72 милиони долари.
Откако пропадна можноста српскиот репрезентативец да се приклучи на Милвоки Бакс, преминувањето на “Боги” во “Филипс центарот” беше се повеќе коментирано последните 48 часа. Мора да се има во предвид дека неговиот довчерашен клуб (Сакраменто Кингс) има право да ја израмни понудата на Атланта и да го задржи во својот тим, бидејќи Богданович е “ограничен слободен агент”.
“Боги” е исклучителен стрелец и надарен офанзивен играч. За него сериозно беше заинтересин шампионот Лос Анџелес Лејкерс уште ланската сезона (кога во размена го понуди младиот Кајл Кузма) понуда која Скараменто веднаш ја одби. Во моментов се очекува потег на управата на “кралевите”. Во наредните 48 часа ке се знае судбината на овој трансфер. Доколку нема адекватна реакција од главниот град на Калифорнија, еден од најдобрите шутери во лигата ке премине во “јатото” предводено од Треј Јанг. Со нетрпение го очекуваме исходот.
NBA FAN
Димитар Младеновски