NBA- Каваи Ленард се сели во Денвер?

99

Додека сме во исчекување на вечерашниот трет меч помеѓу финалистите Њу Јорк Никс и Сан Антонио Спарс, ни пристигнуваат интересни информации од NBA кога е во прашање “трансфер пазарот”.

По разочарувачкото овогодишно издание, поранешниот шампион Денвер Нагетс се наоѓа во т.н. “напредни преговори” со Лос Анџелес Клиперс. Главна тема на нивната дискусија е Каваи Ленард. Според информациите кој ни пристигаат од САД, “нагетси” се подготвени да го доведат еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Пред само неколку часа преку социјалните медиуми беше пренесена и понудата од страна на тимот од Колорадо. Денвер е подготвен да се раздели од својот млад тандем сочинет од Кристиан Браун и Пејтон Вотсон кој заедно со Камерон Џонсон и иден пик на драфтот би се преселиле во Калифорнија. Во спротивна страна би пристигнал искусниот 34 годишен крилен играч кој во минатогодишната сезона покажа дека сеуште има што да докаже на паркетот. Истиот извор пренесува дека раководството на Денвер за истата зделка се консултирала со својот најдобар играч, Никола Јокич кој изјавил дека “нема ништо против” овој потег во обид за засилување на ростерот.

Каваи Ленард е 7 кратен “all star” играч и двократен NBA шампион. Важи за еден од најдобрите дефанзивци кој се појавиле на кошаркарските терени. Единствено нешто кое експертите го потенцираат како негативна карактеристика е неговата сомнителна мотивација како и лошото минато со повредите кој често знаат да го одалечат од теренот. Останува да видиме која ќе биде завршницата на преговорите помеѓу двата тима.

NBA FAN
Димитар Младеновски