Американските експерти соопштиле дека сите шест нуклеарни електрани кои се наоѓаат во регионот каде се очекува да помине и ураганот Флоренс се безбедни, меѓутоа, поединечни експерти не се толку сигурни, предупредувајќи дека поплавите би можеле да ги загрозат нивните системи за заштита.
Шесте нуклеарни електрани во Северна и Јужна Каролина се наоѓаат директно на проектираниот пат на бурата, соопштила Мери Катерин Грин, портпаролка на компанијата во чие сопствеништво се електраните.
Нуклеарната електрана Брунсвик и електраната Шерон Харис во Северна Каролина се најблиските места каде се предвидува удар од ураганот, додала Грин.
Џеф Бјард, помошник администратор на агенцијата “FEMA” изјави дека агенцијата не е загрижена за електраните кои ќе се најдат на патот на невремето во “овој момент”.
“Овие електрани се заштитени, имаат резервни генератори за електрична енергија и брзо можеме да процениме било какво влијание на нуклеарните електрани по невремето”, изјавил Бјард.
Меѓутоа, Унијата на загрижени научници, научно ориентирана јавна политичка организација, е загрижена за способноста на електраната Брунсвик да ги издржи силните бури, поради тоа што групата вели дека нема доволно информации за спремноста на фабриката.
Поплавите во нуклеарните електрани станаа загрижувачки бидејќи во 2011 година по земјотресите и последиците од цунамито во Јапонија се предизвика една од најлошите нуклеарни катастрофи кога три нуклеарни реактори се истопиле и ослободиле опасно зрачење во околината.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

