Младите фубалери на “Кул” се наоѓаат пред нов голем предизвик.
Генерацијата 2014 предводена од тренерите Виктор Петров и Љупчо Методиевски заминуваат на силен меѓународен турнир во Макарска (Хрватска). Овој настан кој го краси богата традиција и е исполент со силни младински тимови кој напредуваат од година во година.
Нашиот тим пристигнува денес а веќе утре го очекува дуел со домашниот НК Истра Пула 1961. Наши ривали се и тимот на Бамбиноси Сараево и Ураниа Башка Вода.
По ланскиот настап на генерацијата 2010 и успехот при претходната посета, и овој пат се очекува нивните помлади “колеги” да заблескаат во полн сјај.
Им посакуваме среќа на нашите играчи и очекуваме силна борба во престојните натпревари.
Димитар Младеновски







![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)









![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



















