Бостон Селтикс сериозно се засилува пред престојното првенство.
По пристигнувањето на Демиан Лилард во Милвоки, “селтикси” ангажираа одличен играч кој штотуку го напушти составот на нивниот источен ривал.
Џру Холидеј е нов адут на Бостон. 14 годишниот NBA ветеран доаѓа од Портланд каде беше разменет пред нецела недела. За возврат, во Орегон пристигнуваат Малком Брогдон, Роберт Вилијамс како и два избора на идните драфтови.
На почетокот од летниот преоден рок, “келтите” го доведоа Кристапс Порзингис кој важи за еден од офанзивно најдобрите центри во лигата. Потоа го задржаа Џејлен Браун кој го потпиша најбогатиот договор во историјата на NBA. Лидерот на тимот, Џејсон Тејтум е мотивиран и подготвен оваа сезона да го врати тимот од Масачусец во големото финале.
Доведувањето на Холидеј е од исклучителна важност.
33 годишниот плеј е двократен All-Star играч, носител на златен медал од олимписките игри во Токио (2020 годиниа) како и поранешен шампион со Милвоки Бакс.
Лани имаше ефикасна сезона постигнувајќи просечни 19 поени и 7 асистенции по натпревар. За неговите услуги сериозно беше заинтересирана Филаделфија каде тој ја започна кариерата и за “сиксерси” одигра 4 сезони но, управата на тимот од Масачусец беше поупорна во своите намери да го доведе искусниот играч.
На Холидеј ова ќе му биде четврти тим во богатата кариера. До сега, тој настапуваше за Филделфија, Њу Орлеанс и Милвоки.
Важи за еден од најкорисните “единици” како и еден од најдобрите одбранбени бекови во лигата.
NBA FAN
Димитар Младеновски