Прво полувреме со осцилации игра Македонија против Бахреин, вториот противник во групата Б, во Минхен.
Отпорот го скршивме по пет минути игра и со серија од 5-0 за највисоки 6:2, но по тајм-аутот на Бахреин, нашите ракометари влегоа во сериозна криза.
Дури 11 ипол минути бевме без погодок, пред Лазаров да го прекине постот со погодок од пенал. Една причина за тоа беа техничките грешки, а друга голманот на Бахреин, Хусеин, кој полувремето го заврши со десет интервенции
Се мачевме до три ипол минути пред крајот на полувремето за потоа по брза постапка да го решиме Бахреин и со 12:8 да одиме на одмор.
Лазаров со 5 погодоци и Кузмановски и Манасков со по 3 гола се најефикасни во нашите редови.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















