На бродот на кој биле уапсени Црногорци пронајдени уште 1,5 тони кокаин: Ова е најголемата заплена во последните 230

961

Американските инспектори на бродот “MSC Gajan” пронашле уште тон и половина кокаин. На крајот од претресот било утврдено дека се запленети вкупно 18 тони дрога чија вредност е проценета на 1,3 милијарди долари.

Првиот ден од претресот биле пронајдени 16,5 тони кокаин и тогаш биле уапсени шест членови на екипажот, од кои дури четворица се од Црна Гора.

Пронаоѓањето на дополнителниот тон и половина кокаин уследило по сослушувањето на членовите на екипажот на бродот.

Еден од директорите на Царинската и граничната контрола на САД (CPB), Кејси Дарст, потврдила дека ова е најголема заплена на наркотици во Америка во последните 230 години.

“Денес можам официјално да кажам дека “CBP” заплени историска количина на кокаин во нашата 230 години долга историја, со вредност од околу 1,3 милијарда долари”, рекла таа.

Кога на бродот бил откриен кокаинот, тамошните инспектори веднаш го уапсиле Црногорецот Иван Џурашевиќ и Фонофаве Тијасага, кои работеле на бродот. Тие признале дека во текот на ноќта добиле налог од 14 чамци на бродот да претоварат кутии во кои имало кокаин. Веднаш потоа, уапсени биле и Бошко Марковиќ, Александар Каваја и Ненад Илиќ од Црна Гора и Лаули Пули.

Џурашевиќ признал дека за оваа работа требало да добие 50.000 долари во криптовалути. Објаснил дека со бродскиот кран ги наполнил контејнерите со дрога, по што ги сокрил. Му помогнал Тијасага, кој исто така признал дека му била ветена голема парична надомест.

Еден од службениците на DEA соопштил дека бродот тргнал од Чиле во Европа, дека сопрел во Перу и на Бахамите пред да дојде до Филаделфија.