Реал Мадрид тргна по Нејмар и тоа веќе е очигледно.
„Кралевите“, според пишувањата на шпанските медиуми, сериозно се заинтересирани да го доведат најскапиот фудбалер на светот, а и ПСЖ нема ништо против да се ослободи од него и да го продаде на Реал, наместо на Барселона.
Парижаните го нудеа Нејмар во голем број клубови ова лето. Барселона беше најзаинтересирана, но ПСЖ како да не сакаше да преговара со Каталонците и ги одбиваше понудите.
Затоа вчера Реал наводно понудил 120 милиони евра и Лука Модриќ, а дека трансферот може да се оствари говори и угледната „Марка“ која има посебни врски со Реал.
Тие на својата денешна насловна страница навестија дека се подготвува бум во Мадрид, а насловот доволно говори:
„Нејмар е на хоризонтот“.














![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)


















