НАСА со години ја криела вистината за смртта на седумте астронаути: Нивниот лет траел само 73 секунди, а потоа почнала агонијата

115

Сите уште го паметат директниот телевизиски пренос од страшната експлозија на вселенското летало “Chalenger” лансирано на 28-ми јануари 1986-та година на Флорида. Само 73 секунди по одвојувањето од лансирната рампа, леталото се распаднало и паднало во Атлантикот.

Истрагата потврдила дека причина бил дефект на еден од прстените кои ги поврзува страничните ракети со големиот резервоар за гориво. Десниот мотор се одвоил од остатокот од леталото, а во 73-тата секунда се откинала аеродинамичната капа од врвот на главниот резервоар. Пред полетувањето ништо не укажувало на несреќата. Контролата за лет му наредила на командантот Френсис Скобеј да “го крене доводот на гориво”, што и се случило, и тоа била последната комуникација со екипажот. 

Ако го слушале инженерот Боб Ебелинг, кој работел за компанијата која ги произвела страничните ракети, можеби ќе ја извршеле мисијата и ќе се врателе живи на Земјата. Тој предупредил на екстремно студеното време кое би можело да предизвика проблеми со прстените на страничните ракети. Со уште неколку колеги замолил лансирањето да се одложи додека не се стопли.

Меѓутоа, му одговориле дека “Chalenger” не е во негова сопственост. Загинале седум астронаути, меѓу кои била и наставничката Криста Меколиф, која освоила наградно место на едукативниот програм на НАСА. Меѓутоа, зад кулисите се одигрувала драма како од крими романите на Агата Кристи.

Пилотската кабина со екипажот на “Chalenger” останала релативно неоштетена по експлозијата. Екипажот, заробен на своите седишта, се кревал уште пет километри за дури тогаш да го почне својот последен пад долг 20-тина километри.

Судејќи по се, екипажот бил свесен што му се случува целото време.

НАСА не сакала таа верзија од настанот да ја објави во јавноста. Со години тврделе дека екипажот загинал во експлозијата, брзо и безболно. Вистината се открила по две години од експлозијата, кога новинарот Денис Пауел го објавил вистинскиот тек на настаните. Кога шатлот се распаднал, дел од екипажот не изгубил притисок, барем не наеднаш.

Почувствувале еден малку посилен удар, но веројатно ништо доволно силно за да го повреди екипажот. Веројатно тоа е причината што последниот забележан звук од кабината бил “ух, ох”. Четворица астронаути на командната палуба можеле да го видат големиот блесок и чадот. Светлата биле исклучени, а интеркомот не работел.

По неколку вдишувања, кислородот престанал да доаѓа во шлемовите на астронаутите. Некој, веројатно астронаутот Роналд Мекнер, ја вклучил резервата за воздух во итни случаи.

Под услов кабината да не изгубела нагло воздух, командантот Скобеј можел само да го крене визирот на шлемот и да продолжи нормално да диши.

Самиот шатл се распаднал на парчиња, но кабината останала цела и постои сосема реална можност астронаутите да можеле да видат како се приближуваат до Атлантикот, бидејќи тој дел од леталото се стабилизирал во своето патување.

Не постојат докази дека кабината воопшто изгубила воздух, што е уште еден во низата докази дека астронаутите биле свесни за својата неизбежна смрт. Тоа што е пострашно е дека нивните семејства и милиони гледачи покрај телевизиските екрани гледале како умираат.

loading...