Руски сателит снимил мистериозна светлина: Во земјината атмосфера забележана експлозија чија природа не е објаснета

107

Ултравиолетовиот телескоп поставен во 2016-та година на рускиот сателит “Ломосонов”, во Земјината атмосфера забележал мистериозни светлосни експлозии.

Нивната природа уште не е објаснета, изјавил за “Sputnik” директорот на Институтот за истражување на нуклеарна физика при Московскиот државен универзитет, Михаил Панасјук. 

“Со помош на телескопот успеавме да добиеме позначајни резултати од тоа што очекувавме. Изгледа дека наидовме на нова физичка појава. Засега не знаеме каква е нивната физичка природа”.

“На пример, за време на летот на “Ломосонов” на висина од неколку десетици километри, неколку пати забележавме светлосна експлозија со голема моќ. А под неа се беше чисто, немаше гром или облаци! Останува прашањето што ја предизвикало”, објаснил Панасјук.

Тој навел дека целата атмосфера на Земјата сјае со изливи од ултравиолетово зрачење, од кои некои им се познати на научниците.

loading...