Само неколку дена откако САД го откажаа испраќањето на своите воени бродови во водите на Црното море, се јавија Британците и порачаа дека сега тие ќе ги испратат своите бродови додека истовремено растат тензиите помеѓу Русија и Украина, а со самото тоа и помеѓу Русија и Западот.
Британски “Sunday Times” објави дека во Црното море наскоро ќе пристигне британскиот разурнувач вооружен со против-воздушни ракети и фрегата специјализирана за борба против подморници.
Истовремено, извори од британското министерство за одбрана во разговор за споменатиот медиум, открија дека воените авиони ќе бидат во состојба на готовност на носачот на авиони “HMS Queen Elizabeth” со цел да интервенираат доколку нивните бродови во Црното море „се најдат во невоља“.

Британскиот носач на авиони, како и другите воени бродови со ваква тежина и капацитет не може да навлезат во водите на Црното море затоа што тоа го забранува конвенцијата од Монтре.
Британскиот потег е објавен непосредно откако Москва најави дека нивната воена морнарица ќе одржи воени вежби во Црното море.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













