Конте поблиску до тренерската позиција во Милан

0
211

Антонио Конте ќе биде нов тренер на Милан. Тој ќе го замени Џенаро Гатузо, напишаа денеска „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело Спорт“.

Според информациите, Конте ќе го преземе Милан откако Леонардо претходно беше назначен за технички директор на клубот.

Во моментов, Конте е без работа откако беше отпуштен од Челзи пред една недела.

Милан веќе почна да прави промени, откако спортскиот директор Масимилиано Мирабели и извршниот директор Марко Фасоне беа отпуштени од клубот.

Конте е во преговори со новите сопственици на Милан, кои се решени да го назначат за тренер.

Четириесет и осум годишниот стратег освои три по ред шампионати во Серија А со Јувентус, а со Челзи ја освои Премиер лигата и ФА Купот на Англија пред само неколку месеци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here