Еден од главните пропусти што беше забележан при денешниот пречек на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пред Владата е тоа што не беа интонирани химните на двете држави.
Тоа е вообичаена пракса при секоја официјална посета на висок функционер, а освен тоа се даваат и највисоки воени почести, што не беше случај овој пат.
Од Владата велат дека речиси сите протоколарни свечености биле изоставени затоа што доцнел авионот на Ципрас.
Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени протоколарните свечени активности при дочекот, со цел да се добие време за исполнување на работната агенда, одговорија од таму за „Фокус“.
Откако јавноста не ја слушна химната пред Влада се постави прашање дали тоа е намерно затоа што во текстот на химната не е интервенирано и внесено новото уставно име на државата.
Државната химна беше интонирана при последната посета на високи функционери, како што беше посетата на германската канцеларка, Ангела Меркел.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











