Најголемиот кит на светот: Атракција на европскиот север која следната година би можела да стане светски хит

63

Необичната сцена која ја претставува големиот кит, издигнувајќи се над норвешкиот крајолик, би требало да се материјализира до следната година.

Музејот за набљудување китови и фасцинантниот живот во северните длабочини опкружен со арктичка светлина дефинитивно го заслужува вниманието кое веќе го предизвикува.

„The Whale“ ја спојува извонредната архитектура со драматичниот пејсаж кој го опкружува. Проектот го потпишува данското архитектонско студио „Dorte Mandrup“ кој ја победил силната конкуренција на меѓународниот натпревар.

Доколку сакате со сопствени очи да го видите норвешкиот „Кит“, потребно е да отпатувате околу 300 километри северно од Арктичкиот круг, на островот Андоја, до еден од најдобрите места на светот за набљудување китови.

Освен уживањето во ова сликовито одредиште кое го сочинуваат планински врвови и мочуришта, „The Whale“ ќе им овозможи на посетителите да научат нешто повеќе за китовите преку научен, уметнички и архитектонски пристап.

Новиот музеј сигурно ќе привлече уште поголем број на посетители кон морскиот кањон кој се протега речиси до норвешкиот брег – и претставува дом на бројни китови кои мигрираат. Градот на северот на островот е добро познат помеѓу љубителите на фасцинантните морски цицачи.

И покрај положбата, тука морето не замрзнува, а зимите се прилично благи, што го прави одлична туристичка дестинација. Убавината на тој крај, посетителите ќе можат да ја набљудуваат од заоблениот кров на музејот и да му се воодушевуваат на архипелагот.

Архитектите воделе грижа за материјалите, па така камениот кров со текот на времето ќе добие патина која прекрасно ќе се вклопи во природната околина. Изложбениот простор со кафуле и продавница за сувенири ќе се простира на околу 4500 квадратни метри со огромни прозорци, со цел да се заокружи одличната архитектонска приказна на северот од Европа.