Најфит мажот на светот смета дека треба да ги консумирате овие шест намирници

396

Рич Фронинг Џуниор е познат како најфит маж на светот, а овој ласкав прекар го добил по четирикратното освојување на светското Кросфит првенство помеѓу 2011 и 2014 година.

Поради тоа не нѐ чуди што Фронинг го сметаат за фитнес експерт. Своите совети денес ги дели како домаќин на подкастот “Froning and Friends”.

“Не мислам дека постои храна која мора да ја јадете, но се ослонувам на овие шест намирници поради одредени причини”, изјавил Рич.

1. Бифтек

“Немасниот бифтек е одличен извор на протеини и има одличен вкус. Вкусно е и пилешкото и мисиркиното месо, но јас особено претпочитам бифтек”.

2. Јајца

“Освен што се богати со протеини, јајцата содржат витамини и минерали. Но, внимавајте на количината бидејќи тие се многу калорични”.

View this post on Instagram

So double dumbbell snatches are no fun

A post shared by richfroning (@richfroning) on

3. Зелен зеленчук

“Брокулата, спанаќот, целерот и сличниот зелен зеленчук е нискокалоричен, а изобилува со витамини, минерали и влакна”.

4. Сладок компир

“Ова ми е омилената намирница од мноштвото на јаглехидрати, која ми дава енергија и ми обезбедува брзо закрепнување по тренингот. Освен слаткиот компир, консумирам и ориз, тестенини и леб од цело зрно”.

5. Риба

“Рибата содржи протеини, а вообичаено е помалку калорична од другите намирници од животинско потекло, па ако сакам да ослабнам, се фокусирам на риба повеќе отколку на месото. Рибата е богата и со омега-3 масни киселини кои се исклучително важни за здравјето”.

6. Путер од кикирики

“Кикириките се одличен извор на здрави масти и се калорични, а токму тоа ми е потребно по интензивните тренинзи. Да бидеме искрени, путерот од кикирики има одличен вкус”.

View this post on Instagram

Why are farmers carries so terrible?

A post shared by richfroning (@richfroning) on