Големата надеж на Јувентус, Никола Секулов кој е по потекло од Струмица, по настапите за младите селекции на Македонија се реши да и сврти грб на земјата на своите родители и во иднина да игра за Италија.
Тој веќе дебитираше на неколку натпревари за младинските категории на „азурите“, а сега и официјално ја промени матичната федерација. Неговиот избор е јасен, а тоа е Италија за што јавно и се пофали.
„Ова е важен момент за мене и за моето семејство. Јас сум роден во Пјаченца и горд сум што можам да го носам синиот дрес на Италија. Благодарам и на Италијанската Фудбалска Федрација. Сакам да им изразам голема благодарност и до адвокатот Чезаре Ди Цинтино и до до канцеларијата ДЦФ Спорт Легал“, изјави Секулов.
Полека но сигурно сега работите испливуваат на површина околу случајот Секулов кој обвинуваше дека ФФМ е виновна што не игра за Македонија, додека од нашата куќа на фудбалот имаа друг стаф кој од денешна гледна точка се покажува како точен.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















