Постои само еден рецепт за среќа а тоа е позитивното размислување

243

Секој ден ни носи нови животни лекции кои човек ги заборава кога ќе сврти нова страница. Но, животот постојано нѐ праќа на поправен тест. Тоа значи дека постојано ќе паѓаме во искушенија и ќе се соочуваме со предизвици, додека не ги запишеме сите во нашата книга на искуства.

Ова се неколку животни лекции кои треба добро да ги запаметиме.

Планирајте ја иднината, но не се оптеретувајте со неа.

Добро е да се гледа напред и да се планира иднината, но постојаното размислување за неа може да не направи роб на времето. Направете ги работите кои мислите дека ќе ве направат среќни и ослободете се од оние кои не ви носат среќа. Едноставно е. Иднината може да биде убава, ако и дозволите да дојде.

Незадоволството е како ѕвер – немоќно кога ќе се роди, страшно кога ќе зајакне

Ако никогаш не сте задоволни со ништо во животот, си правите лоша услуга и си нанесувате несреќа повеќе одошто мислите. Многу убави работи ни се случуваат во текот на денот, но проблемот е во нашата перспектива ако не успеваме да ги видиме.

Не им се лутете на луѓето –  вашиот бес и омраза никогаш нема да ги повредат

Само ќе се истоштите во тоа. Луѓето си го живеат својот живот, секој на начинот којшто го знае. Но, бесот кој го имате кон нив, ве повредува само вас самите.

Не се плашете од неуспех, така нема да живеете

Постојаниот страв од неуспехот ќе ве спречи да го живеете вашиот живот целосно и како што треба. Нема да живеете вечно, а кога ќе остарете, ќе се каете за многу работи, затоа не го дозволувајте тоа. Ризикувајте, особено тогаш кога нешто многу ви значи.

Научете да развивате позитивен став и да сфатите дека само позитивниот став, а не нешто што поседувате може да ви донесе убав и среќен живот. Можете да имате скап автомобил, убави алишта и многу пријатели, но ако вашиот став е негативен, вие никогаш нема да уживате во тоа што го имате.