„Алиоски е нашиот „шоумен“ во тимот, за чудесиите сигурно и соседите го мразат!“

733

Екипата на Лидс Јунајтед се подготвува за новата сезона во Чемпионшиплигата, а клубот организираше неколку фудбалери да даваат одговори на прашања на фановите.

Еден од нив беше Патрик Бамфорд, кој зборуваше за нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Доби прашање „Кој е најголемиот „шоумен“ во соблекувална?“, а тој го посочи Џани.

„Најголем шоумен во соблекувална? Алиоски. Сигурен сум дека никој од вас нема да може да седи со него неколку часа. Ги прави најчудните звуци и се надевам дека дури и соседите го мразат“, изјави на шега Бамфорд.

Алиоски и Лидс Јунајтед и оваа сезона важат за едни од главните фаворити за влез во англиската Премиер лига.