Најубавите свадби на познатите – Гламур, луксуз и потрошени илјадници евра…

1699

Денес главна тема во медуимите ширум овие простори е свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ која многумина ја нарекуваат и венчавка на годината. И додека на површина испливуваат деталите и првите фотографии од прославата која се одржа вчера во Белград, ние ве потсетуваме на најубавите и најгламурозни свадби на овие простори кои ги одбележаа последните неколку децении. Нивните љубовни приказни никогаш нема да бидат заборавени и истите одбележуваат одредена историја,пишува Вечер.  На пиедесталот, секако, се наоѓаат сега гордиот свекор, а пред 27 години младоженец, Боба Живојиновиќ кој во 1991 година се венча со Лепа Брена. Тука се и свадбите на Цеца Ражнатовиќ и Аркан, Жељко и Јована Јоксимовиќ, Северина и Игор Којиќ, но и на домашните Тамара Тодевска и Мачка, Симона и Крис Поповски, Маја Сашек и Дејан Пановски, Каролина Гочева и Михо Корубин…

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Еден од најпознатите парови на овие простори – Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се венчаа во 1991 година во тогаш најлуксузниот хотел во Србија, белградскиот Интерконтинентал. На свадбата присуствувале над 500 гости, најбројни биле естрадните и спортски ѕвезди, а кум им беше Борис Бекер. Брена носеше венчаница од Диор, а тоа беше најголемата и медиумски најактуелна свадба во историјата на Југославија.

“Уште првата ноќ кога те запознав, ми беше јасно дека ќе се оженам со тебе”, и рекол Боба на Брена непосредно по венчавката.

Цеца Ражнатовиќ и Аркан

Пејачката и нејзиниот сега покоен сопруг судбоносното “дa” го изговорија на 19 февруари 1995 година. Се запознале една година порано, а Цеца во една прилика по повод свадбената прослава рекла:

“Тоа беше љубов на прв поглед, знаев дека ќе се омажам за Аркан!”

Нивната традиционална свадба сите ја паметат и ден-денес, а по смртта на Аркан пејачката не се премажи и во неколку наврати досега има изјавено дека нема намера по втор пат да облекува венчаница.

Жељко и Јована Јоксимовиќ

Популарната двојка својата љубов ја круниса со интимна венчавка на Малдивите на 20 јануари 2012 година, а овој настан подоцна го прославија и во кругот на семејството и пријателите со прослава во Белград за која се зборуваше многу. Среќниот пар ги поттикна и колегите да го направат истото, а холивудскиот гламур и неизмерната љубов на двоецот Јоксимовиќ секако дека ќе останат запаметени.

Северина и Игор Којиќ

Познатиот пат во ноември 2015 година го изговори судбоносното “да#, а на свадбата пејачката блескаше во традиционална венчаница, додека, пак Игор беше дотеран во смокинг. Кога првично ја објавија веста за нивната свадба многумина мислеа дека станува збор за маркетиншки трик, но Севе и Игор после три години поминати заедно и покажаа на јавноста дека нивната љубов е чиста, па веќе нема простор за сомнежи.

Маја Сашек и Дејан Пановски

И на домашен терен имаме познати спектакуларни свадби. Прва на листата е онаа на манекенката Маја Сашек која во јуни пред три години се омажи за фотографот Дејан Пановски. Парот направи свадба на плажа, а само неколку месеци подоцна се роди и малата Деа за која убавицата вели дека е нејзино дијазепамче.

Тамара Тодевска и Мачка

Мора да се спомене и големата прослава на Тамара и Мачка. Познатата пејачка се омажи во бела долга венчаница потпишана од Мила Кадриу. Двојката организираше забава во ресторанот на екскошаркарот, а на неа присуствуваа голем број на колеги и музичари. Весна Петрушевска, Роберт Билбилов, Катарина Ивановска, Нина Јанева, Наде Талевска, Пере… беа само дел од познатите гости.

Каролина Гочева и Михаил Корубин

Минатото лето на вечна љубов се заколна и македонското девојче, Каролина Гочева која му кажа “да” на уметникот Михаил Корубин. Парот организираше прослава за најблиските, а на истата ората беа забранети.

Симона и Крис Поповски

Најтазе гламурозна свадба меѓу нашите ѕвезди е онаа на Симона Поповска и нејзиниот избраник Крис која се одржа пред неколку седмици во Струга. Пејачката за овој најважен ден во нејзиниот живот носеше дводелен невестински фустан направен од специјални материјали со рачно изработени детали.