Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговорел за интимните детали и открил зошто сè уште нема деца со својата сопруга.
Надал минатата година се венча со својата долгогодишна девојка, а сега проговори за проширувањето на нивното семејство:
„Сакам деца, се надевам дека ќе ги имам. Но, моментално постои мал проблем, сакам да имам деца кога ќе се пензионирам. Мислев дека на 30 години ќе завршам со тенисот, но ја продолжив кариерата“, изјавил Надал на таа тема.
Инаку, Рафаел донесе одлука дека на своето семејство ќе може да се посвети по кариерата затоа што смета дека само така е коректно.

Надал во текот на својата кариера имаше многу проблеми со повредите и вистинско чудо е како успеа толку долго да се задржи на тениските терени.