Нејмар: Јас сум најдобриот на светот, Меси и Роналдо…

860

Најголемата ѕвезда на Пари Сен Жермен и на бразилската репрезентација, Нејмар верува оти е најдобриот фудбалер на светот.

Напаѓачот е убеден дека нема конкуренција или поточно од битката ги исклучува асовите на Барселона и Реал Мадрид, Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои за него се од друга планета.

-Двајцата кои се над сите во моментов се Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Со сета скромност, јас денеска сум најдобриот играч на светот затоа што тие се од друга планета, -порача Нејмар кој очајно го посакува трофејот од СП.

-Не сакам да бидам најдобар на светот, сакам да го освојам СП. Со освојување на трофејот јас ќе бидам среќен, моето семејство и мојата земја, -рече членот на ПСЖ.