Над 3,5 милиони прегледи: Луѓето не можат да сфатат што се случува со овој млаз вода

784

Еден Италијанец снимил запрепастувачко видео од млаз вода која изгледа како да е заледена.

Дарио Бонзи од Бреша воочил екстремно редок феномен на 2-ри декември кога бил на излет во Вал Камоника, голема долина во средиштето на Алпите. Многумина не можеле да поверуваат дека станува збор за активен проток на вода, се додека 28-годишниот Бонзи не ја ставил раката под млазот.

Младиот фотограф ја објавил снимката на Фејсбук, а оттогаш таа е прегледана над 3,5 милиони пати.

“Никогаш не сум видел нешто вакво, изгледаше како лед но беше течна вода”, напишал тој.

“Тоа е редок феномен поврзан со динамиката на флуидот. Се нарекува ламинарно струење и е сосема природна работа”, објаснил Дарио. “Станува збор за еднолично струење на течноста во паралелни слоеви со мало мешање помеѓу нив, без турбуленции. Секоја молекула на водата ја следи онаа пред себе на многу прецизен начин, а во тоа помага и отсутноста на ветрот”, додал тој.