Оливер Драгојевиќ ќе биде погребан в среда во Вела Лука

441

Последното испраќање на хрватскиот музичар и текстописец Оливер Драгојевиќ ќе биде во вторник од сплитска Рива, а ден подоцна и погребот во неговата родна Вела Лука на Корчула, пренесува „Хина“.

Градот Сплит ја презеде организацијата околу испраќањето на пејачот.

Градоначалникот Андро Крстуловиќ ѝ даде наредба на Опара Јадролинија за катамаран и нарача специјално возило со кое ќе се превезе ковчегот со Оливер од црквата Св. Франо до пристаништето. На своето последно патување во родната Корчула Оливер ќе замине со катамаран, заедно со членовите на семејството и групата „Дупини“, со која соработуваше со децении.

Погребот ќе се одржи в среда во Вела Лука, во кругот на семејството и пријателите.