Само еден месец после раскинувањето на 5-годишната врска, до уши заљубена во друг

183
LONDON, ENGLAND - JULY 06: Dua Lipa and Anwar Hadid attend Barclaycard Presents British Summer Time Hyde Park at Hyde Park on July 06, 2019 in London, England. (Photo by Dave J Hogan/Getty Images)

Британската  ѕвезда, која има потекло од Балканот, Дуа Липа, има ново момче, пренесуваат странските медиуми.

Таа започнала врска со помладиот брат на познатите манекенки, Џиџи и Бела Хадид – Анвар, и тоа само еден месец откако раскина со Ајзак Кару, со кого беше во врска пет години.

Липа на почетокот на мај последен пат е видена со Ајзак, а гласините за нивното раскинување се појавиле на почетокот на јуни. Меѓутоа, ниту еден од нив не го потврдил крајот на врската, но откако била фотографирана во прегратка на младиот Хадид, стана јасно дека пејачката излегла од 5-годишната врска со Ајзак.

Анвар има 20 години и е помлад брат на познатите манекенки, а Липа од него е постара 3 години. Тие се фотографирани овој викенд на фестивалот Бритиш Самртајм, во лондонскиот Хајд Парк, во кој разменувале бакнежи во јавноста и на тој начин ја потврдиле врската. Дуа Липа инаку се дружи со Џиџи Хадид, а магазинот „Elle“ пренесува дека токму таа ги споила.

loading...