Застрашувачка сцена: Два авиони се судрија во воздух, еден пилот го загуби животот

1512

За време на вежбите два авиони од акробатскиот тим при индиското воено воздухопловство се судрија во воздух.

Двата авиони на акробатскиот тим на индискоото воено воздухопловство, познати како “Surya Kiran” (Зраци на сонцето), се судрија и се срушија за време на вежбите во рамките на Aero India Show, пренесува “RT”.

Според последните информации, еден пилот го загубил животот, додека останатите успеале навреме да се катапултираат.

Акробатскиот тим “Surya Kiran” е основан во 1996-та година и учествувал на бројни летови. Откако бил суспендиран во 2011-та година, акробатскиот тим бил повторно формиран пред две години.

За акробациите биле користени авионите HJT-16 Kiran Mk II и Hawk Mk-132.