Жителите на велшко село останале шокирани кога реката им станала бела како млеко

199

На социјалните мрежи се појавиле фотографии од реката Дулаис на западот на Велс, во која водата била сосема бела.

На крајот било утврдено дека реката е бела од млеко, бидејќи на локалниот пат се превртела цистерна и целото млеко истекло во река.

Жителката на велшкото село Ланврди, Меј Луис, снимила како изгледа реката Дулаис откако содржината од цистерната се истурила во водата.

Од Организацијата за заштита на природата на Велс, која се грижи за природните богатства, на својот профил на Фејсбук ја објасниле оваа објава, односно навеле дека необичната глетка е последица на сообраќајна несреќа.

“Цистерна пренесувала млеко и непозната количина се излеала во река. Тоа довело до значајни промени на бојата во нејзиниот тек”, се наведува во објавата, како и дека полицијата излегла на местото на несреќата.