Матеа Ибањез на својот профил на Инстаграм го покажала беспрекорното тело во шарено бикини.
Сопругата на поранешниот играч на Динамо, Луис Ибањез, атрактивната економистка Матеа Ибањез, последните денови од летото одлучила да ги искористи до максимум, па на социјалните мрежи на многумина им го разубавела денот.
Матеа со своите 14 илјади следбеници споделила фотографија на која што позира во бикини и ја покажува прекрасната фигура на тело, а токму таа сцена воодушевила многумина.
„Ти си чудо“, „Најубавата жена на Балканот“, „Згодна“, „Многу си жешка“, „Ми се допаѓаш“, се само дел од коментарите кои што ги добила.
Инаку, Аргентинецот и убавата девојка од Загреб, во брачните води влегоа во 2013-та година, а потоа во 2015-та година направија и венчавка, родители се на синовите Матиас и Тиаго.