Мурињо: Одбив три или четири понуди бидејќи знам што сакам и каде сакам

0
137

Еден од најдобрите тренери на денешницата, Жозе Мурињо моментално е без тренерска работа откако во декември минатата година доби отказ од Манчестер Јунајтед.

Португалецот во меѓувреме си најде занимација во БеИН Спорт каде што работи како стручен аналитичар, а за овој медиум даде изјава во која истакна дека имал одредени понуди, но ги одбил

„Три ипол месеци сум без работа и се подготвувам повторно да седнам на клупа. Кога сте во светот на фудбалот од бројните обврски немате време за себе. Ги искористив минатите неколку месеци за да ги наполнам батериите“ изјави Мурињо и додаде:

„Тренерската работа е навистина посебна. Уживам во секојдневнат работа и сакам да се вратам ова лето, на самиот почеток на сезоната. Знам точно што сакам и затоа неодамна одбив три или четири понуди. Не сакам да зборувам за имињата на клубовите, но типот н аработа и стилот на клубот, точно знам што сакам и се надевам дека ќе добијам работа“.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here