Жените лудуваат по него, а на Пирс Броснан не му пречи што неговата сопруга има вишок килограми

283

Холивудскиот актер Пирс Броснан е во хармоничен брак со сопругата веќе 17 години

Пирс (65) и неговата сопруга Кили Шај Смит се еден од ретките среќни парови во Холивуд. Заедно се веќе 17 години, а Кели го следи на сите негови снимања. Кога се слободни, нивното време изгледа вака.

Познатиот пар бил фотографиран во Малибу додека возел велосипед. Сопругата на Пирс често е на мета на критики поради нејзината тежина, но тоа никогаш не му пречело на нејзиниот сопруг.

Во 1994 година актерот ја запознал новинарката Кили Шај Смит во Мексико. Седум години подоцна, тие се венчале во Ирска.

Броснан важи за еден од најзгодните холивудски актер, но неговата сопруга поминала низ одредени физички промени. Кили се бори да ја одржи здравата тежина со години. И покрај нејзината променлива тежина, Броснан и’ останал посветен и по 24 години, нивниот брак е се’ уште цврст.

Броснан пред Кили бил во брак со актерката Касандра Харис која во 1991 година ја изгубила битката со ракот. Кон крајот на 2013 година, актерот ја изгубил и посвоената ќерка од бракот со Касандра, Шарлот Броснан, поради истата опасна болест.

 

loading...