Богдановиќ има желба и за втор градоначалнички мандат

51

– Имам желба и амбиција за втор мандат. Пред сè, за завршување на проектите, исполнување на она што е ветено. Премиерот соопшти неколку имиња, но јас ова го сфаќам како обид да работиме уште повеќе, изјави градоначалникот на Oпштина Центар, Саша Богдановиќ за „Утрински брифинг“.

Тој наброја и дел од проектите кои треба да се завршат, после информациите дека голема сума на пари се одлева во кошаркарскиот клуб на сметка на реконструкција на градинка.

„Имаме голем број на проекти што треба да се завршат, како на пример новата градинка во Пролет каде што, според наши очекувања, треба да се заврши во март, април. Тука е доградбата на ОУ „Коле Неделковски“, тука е завршувањето на „Орце Николов“, на „Аминта Трети“, итн. Со доделување на средства за КК Работнички, не загрозуваме никаква капитална инвестиција“, истакна Богдановиќ.