Роналдо: Ќе ја завршам кариерата во Спортинг, да не беше овој клуб ќе работев во Мекдоналдс

92

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, петкратен освојувач на ЛШ и на „златната топка“, најави дека кариерата ќе ја заврши во матичниот Спортинг Лисабон, клуб кој го откри, а потоа преку Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и сега во Јувентус, португалскиот ас да се вивне меѓу најголемите играчи на сите времиња.

Роналдо како тинејџер си замина од Спортинг во Јунајтед, а потоа во 2009 година стана најскап фудбалер со трансфер во Реал Мадрид, каде го имаше најдобриот дел од кариерата, освојувајќи притоа четири европски титули со „кралевите“. Од 2018 година е дел од Јувентус и е најскап и најплатен фудбалер во Италија.

„Јас дефинитивно ќе се пензионирам во Спортинг Лисабон. Им должам барем една сезона. Сигурно е дека нема да се пензионирам во Манчестер јунајтед, ниту во Реал Мадрид… Спортинг е тој што ме скаутираше, кога никој не виде ништо во мене. Спортинг ме направи фудбалер, Јунајтед ме ‘исполира’, во Реал Мадрид станав комплетен играч, а индивидуално се развив во Јувентус.Јас ги сакам сите мои поранешни клубови за сето тоа што го направија за мене, но почетокот секогаш се памети. Да не беше Спортинг, ќе работев во Мекдоналдс. Таму постојано висев кога немав што да јадам“, рече Роналдо.