Мурињо добива супер засилувања, едниот играч кој ќе стигне од Реал Мадрид веќе е на медицински прегледи

58

Жозе Мурињо нема да има изговори за резултатите оваа сезона затоа што во последен момент обезбеди две супер засилувања.

Во моментов на медицински прегледи во Мадрид е младиот лев бек Серхио Рехуилон кој треба да стане нов играч на тимот на Тотенхем.

Откако Рехуилон ќе ги заврши медицинските прегледи, на прегледи ќе се упати и Герет Бејл и двајцата потоа заедно ќе одлетаат во Лондон за да ги комплетираат трансферите во Тотенхем.

За Рехуилон се интересираше и Манчестер Јунајтед, но „ѓаволите“ не ја прифатија опцијата за повторен откуп на договорот од страна на Реал Мадрид, па затоа играчот ќе се пресели на „Вајт Харт Лејн“.

Што се однесува до Бејл, тој во Тотенхем ќе се врати како позајмен играч, а неговата астрономска плата веројатно ќе ја плаќаат и англискиот клуб и Реал Мадрид.