Земаш за еден, враќаш за два стана – дали се исплати станбениот кредит?

194

упувањето на првиот стан е еден од најубавите, но и најстресните доживувања во животот, бидејќи желбата да се има сопствен покрив над глава е една, а можностите тоа да се реализира, се сосема друга работа.

Цените на недвижниот имот во земјава, според економските аналитичари, се повисоки и не соодвествуваат на економските можности на граѓаните. Градежните компании не ги спуштаат цените на станбениот квадрат, бидејќи се правдаат дека тоа не им е исплатливо, а пак, банките, не ги спуштаат каматите на станбените кредити, па се вадат со тоа дека, демек, сме имале најниски камати во регионот.

КРЕДИТ ЗА ЕДЕН, ВРАЌАШ ЗА ДВА СТАНА

Од агенциите за недвижности иако признаваат дека цените на становите се превисоки, сепак додаваат дека на тие што им гори под нозете, ќе купат стан. Но, достапноста на станбени кредити или други форми на финансирање на станбената изградба е тема на која се дебатира со години, без каков било позитивен исход за потенцијалните купувачи. За да можете да земете кредит од банка за покрив над глава, потребно е веќе да имате еден за да го ставите под хипотека, како и да сте во редовен работен однос со просечни примања. Овие кредити се достапни за вработените во институции, јавни претпријатија и бонитетни трговски друштва прифатливи за банките, а каматните стапки по кои се даваат станбените кредити се движат од околу седум до девет проценти, притоа со променлива каматна стапка.